Две причини - прва: мора да напишам пост, за да видам колку и дали воопшто ме бендисува темава (мерак ми е да ц’цкам теми по блогови); и втора: го гледав „Парада“. Хумор, заебани типови, hitlerjungen и полн курац стереотипи. Ме бендиса Бисерка, иако сум стрејт (а некој кажа дека педер од еднаш не се станувало). Мислам дека и солзи ми навреа при крај, иако сум стрејт. Излеговме од кино и откако констатиравме дека филмот е прилично ок, западнавме во педерска тишина и тргнавме преку Вардар. По подолго молчење, го поставив прашањето кое што ме мачи после секој изгледан понормален филм (и после прочитани коментари на youtube или некоја статија на нашиве портали): зошто, побогу, сме толку заебани? Згрешени ли сме како животински вид? Која е потребата сам себе да се заебеш на глобално ниво?
![]() |
| Протести против геј парадата во Србија |
Добив одговор како од пушка - страв. Луѓето се групираат водени од стравот и напаѓаат водени од стравот. Во ситуација кога имаш маса која нема мозок а има многу страв, почнуваат да се случуваат срања, од секаков вид и подвид во епски размери. Шовинистички, сексистички, расистички, националистички, финансиски, емоционални... сè срања! Луѓето прават срања затоа што се плашат дека некој ќе има поголема куќа од нивната, поубава боја на тепихот и дека козата на комшијата уште не цркнала. Се плашат дека ако не земат сè од другиот тој нив ќе ги соголи, не подаваат рака ако паднеш на улица а ни под разно не ти враќаат пари ако ти паднале од џебот. Страв им е ако некој се ебе поинаку, чекори поинаку, верува во некој друг чичко или зборува поинаку па за секој случај да не ги зарази го маргинализираат, измачуваат и на крај, се разбира, го убиваат. Сами во себе го цензурираат и го извртуваат убавиот збор и добрата мисла и идеја, за после да ги цензурираат и извитоперат и туѓите додека сите не се стопат во нивниот страв.
Напикај му ги во уста на другиот твоите убедувања. Присили го, закани му се. Ако не ти успее, напикај му ги и в газ, манипулирај го, цензурирај го. Убиј го другиот пред да сподели со тебе љубов, информација. Не му дозволувај да мисли и делува поинаку од тебе. Убиј го пред да може да сподели со тебе друг светоглед, бидејќи ти се плашиш да отвориш прозорец а камоли да излезеш од дома и дознаеш нешто ново. На крај, мрази го. Кој е тој па толкав фраер да не се плаши толку многу?
И?! Ќе излезе ли некој стрејт на геј парада? Ќе излезе ли некој чии ближни му се сè уште на број да протестира за нечии други кои не се? Ќе излезе ли верник да каже дека сите сме деца господови и ќе ја сподели верата и учењето со хомосексуалците, проститутките, грешниците? Ќе помогне ли еден народ на друг, човек на друг човек (бидејќи на крај, сите сме луѓе)? Ќе излезе ли некој политичар во пресрет на народот? Ќе си помогнат ли некогаш комшиите меѓу себе? А две соседни земји, или два соседни континенти? Ќе се разбереме ли бре меѓу себе?
Ќе дадете ли малку љубов, да го ебам?!
Не, а?
Пизди. Отсекогаш.

No comments:
Post a Comment